ERASMUS+ Соопштение 19.03.2026

Конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата

Активен е новиот конкурс за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година. Студентите треба да ги достават апликациите во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Еразмус+ координаторот надоцна до 17 април 2026 г. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • уверение за положени испити на македонски јазик; 
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model);
  • мотивациско писмо.

Задолжително:

за студентска мобилност за студирање:

  • договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС).

Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard. Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаени.

       При избор на универзитет за мобилност задолжително да се внимава на рокот за номинирање за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет.

Студентите треба да достават валидна диплома за познавање на странскиот јазик на кој се изведува наставата.

Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ билатерални договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабoтка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/).

За дополнителни информации и поддршка, обратете се до Координаторот за Еразмус+ при Машински факултет - Скопје: доц. Д-р Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk).

ERASMUS+

Erasmus+

Соопштение 19.03.2026

===============================

Соопштение 17.03.2026

===============================

 Конкурс за студентска мобилност за комбинирани интензивни програми (Blended Intensive Programmes – BIP) во рамки на програмата Еразмус+ за академската 2025/2026 година

Комбинираните интензивни програма (Blended Intensive Programme – BIP) претставуваат краткорочни мобилности за студирање кои се состојат од задолжителна виртуелна/онлајн компонента и мобилност во времетраење од минимум 5 работни дена, а максимум 30 работни дена.

Пријавувањето започнува веднаш по објавувањето на Конкурсот. 

Целокупната комбинирана интензивна програма (вклучително виртуелната компонента и мобилноста) мора да заврши најдоцна до 29 јули 2026 година.

Студентите кои ќе изразат интерес за учество во BIP треба да достават апликација до Еразмус+ координаторот на матичниот факултет/институт во три примероци (еден за студентот, еден за координаторот и еден за Универзитетот).

Апликацијата треба да ги содржи следниве документи:
• пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
• уверение за положени испити;
• уверение/диплома за познавање на странски јазик;
• уверение за редовен студент;
• кратка биографија (Europass model);
• мотивациско писмо.

Задолжително е и доставување на договор за студирање (Learning Agreement for studies), потпишан од студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и институцијата-домаќин (минимум 3 ЕКТС).

Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard (https://learning-agreement.eu/). 

Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.

Изборот на кандидатите се врши според редоследот на доставување на целосните апликации од страна на факултетите/институтите до Ректоратот, сè до пополнување на расположливите мобилности и средства.

Повикот се затвора на 1 јуни 2026 година или порано, доколку се исцрпат расположливите мобилности.

Сите дополнителни информации и формулари се достапни на интернет-страницата на Универзитетот:
https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/

За дополнителни информации можете да се обратите до Еразмус координаторот при Машински факултет – Скопје: Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk).

СОРАБОТКА СО М6 ЕДУКАЦИСКИ ЦЕНТАР И ПОДДРШКА НА НАТПРЕВАРОТ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“

Со големо задоволство ја објавуваме информацијата дека Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера потпиша меморандум за разбирање со М6 едукативниот центар со кој се поставуваат темелите за заедничка соработка на повеќе полиња, вклучувајќи:

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

Back to Top