НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА 2026

🏆 Во Кавадарци, во M6 едукацискиот центар во винаријата Тиквеш на 07 Мај 2026 се одржа финалето на Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации во средните училишта 2026.

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 5 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Машински факултет-Скопје, се распишува Конкурс за доделување 5 стипендии за студентите на Машински факултет – Скопје.

На конкурсот можат да се пријават студенти кои студираат на Машински факултет – Скопје.

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните  критериуми:

  • студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во прв или трет семестар во студиска година во учебната 2025/2026 година;
  • просечната оценка на студентот  (до датумот на аплицирање) да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;

Висината на стипендијата изнесува 8.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетраење од 10 (десет) месеци годишно.

ДОКУМЕНТИ:

КОНКУРС за доделување 5 (пет) стипендии за студентите на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет - Скопје

АПЛИКАЦИЈА за стипендија на студенти запишани на прв циклус студии по првпат во прв или трет семестер во учебната 2025/2026 година

 

 

Стипендии

Отворен ден на Машински факултет – Скопје – 25.04.2026

Го отвораме факултетот за сите идни студенти, соработници и љубители на инженерството! Дојдете да ги запознаете нашите лаборатории и да дознаете повеќе за студиските програми и можностите што ги нудиме.

📅 Сабота, 25 април 2026 г.
📍 Машински факултет – Скопје

🔹 10:00 ч.
Отворање на Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 со обраќање на:

  • г-а Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
  • проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на Универзитет „Св. Кирил и Методиј' во Скопје

🔹 Посета на лаборатории и факултетскиот кампус
Изберете термин што ви одговара:

🕥 10:30 ч.
🕧 12:30 ч.

Ќе имате можност да:
✔ ги разгледате современите лаборатории
✔ се запознаете со студентски проекти и истражувања
✔ разговарате со професори и студенти
✔ дознаете како изгледа студирањето на Машински факултет

Ве очекуваме!

 

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top