50 ГОДИНИ МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
![]() |
Машинството е една од најстарите, најшироките и најдинамичните инженерски дисциплини која евалуира во чекор со новите научни достигнувања и потребите на човекиот развој. |
| Машинскиот факултет, како единица на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје ја рефлектира еволуцијата и старо-новата димензија на машинството како инженерска дисциплина и својот развој го насочува кон компатибилност со современите индустриски текови и со студиските програми на светски реномираните универзитети. | |
| Факултетот нуди студиски програми богати, од една страна со дисциплини кои ги покриваат фундаменталните инженерски науки кои се јадрото на машинството, а од друга страна со современи научни дисциплини посветени на инженерските анализи и концепти кои дури и не постоеле 20 години претходно. Новите студиски програми се во сообразност со европскиот високообразовен систем и со достигнувања во науката, а сето тоа во корелација со основната мисија на Факултетот да овозможи исполнување на високите меѓународни стандарди, и образување инженерски кадар со компетенции и вештини, конкурентни на глобалниот пазар на трудот.
Машинскиот факултет оваа година ја слави 50-годишнината од постоењето на студии по машинство и за овој период од своето постоење се гордее со бројни дипломирани студенти, магистри и доктори по машинство, сите респектирани и успешни инженери. Значаен број од нив, денес се лидери на светски реномирани компании, или имаат започнато сопствени бизниси и изградиле компании кои успешно продираат на меѓународниот пазар, искористувајќи го знаењето стекнато на студиите. За успехот на студентите се грижи наставен кадар, докажан и препознаен на национално и меѓународно ниво, притоа земајќи активно учество во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти, учествувајки на врвни конференции и конгреси, објавувајки ги научните достигнувања во реномирани списанија, користејки престижни меѓународни стипендии, реализирајки активности како визитинг професори на повеќе катедри по машинство во целиот свет и како препознатливи експерти во индустријата. Професорите и соработниците вработени на Машинскиот факултет во Скопје се спремни да се соочат со предизвиците на напредните технологии и во својата едукативна мисија да придонесат во Република Македонија и на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, да се создадат машински инженери чии визии, екcпертиза и талент ќе придонесат за развој на нашето општество, подготвени за доживотно учење како предизвик на современото живеење во 21-от век и на тој начин да помогнат во процесот на евро-атланските интеграции, низ кој поминува Република Македонија.
Скопје, јуни 2009 д-р Атанас Кочов, декан |
|


