Тековни соопштенија за студенти
50 ГОДИНИ МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
![]() |
Машинството е една од најстарите, најшироките и најдинамичните инженерски дисциплини која евалуира во чекор со новите научни достигнувања и потребите на човекиот развој. |
| Машинскиот факултет, како единица на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје ја рефлектира еволуцијата и старо-новата димензија на машинството како инженерска дисциплина и својот развој го насочува кон компатибилност со современите индустриски текови и со студиските програми на светски реномираните универзитети. | |
| Факултетот нуди студиски програми богати, од една страна со дисциплини кои ги покриваат фундаменталните инженерски науки кои се јадрото на машинството, а од друга страна со современи научни дисциплини посветени на инженерските анализи и концепти кои дури и не постоеле 20 години претходно. Новите студиски програми се во сообразност со европскиот високообразовен систем и со достигнувања во науката, а сето тоа во корелација со основната мисија на Факултетот да овозможи исполнување на високите меѓународни стандарди, и образување инженерски кадар со компетенции и вештини, конкурентни на глобалниот пазар на трудот. | |
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КНИГИ
На 24.01.2010 година (недела), во 13 часот на Машинскиот факултет се одржа презентација на 22 нови наслови на книги
Известување
Владата на Република Македонија започнува со реализација на програмата за опремување на лаборатории на државните високообразовни и јавни установи


